Македонија

Македонски политичар победи на TROPHE MONDIAL De L’ACCORDEON – CМА 2025

Победата е посветена на неговата принцеза

Професорот Јове Кекеновски кој од независноста е дел од македонската политика вчера победил на меѓународен натпревар по хармоника а вечерва очекува уште еден триумф.

 

Целиот пост на Кекеновски за победата:

 

ГОЛЕМА ПОБЕДА ПОСВЕТЕНА НА МОЈАТА НАЈМИЛА ПРИНЦЕЗА МИХЕЛА КЕКЕНОВСКА

 

Почитувани

Во очекување на двојна победа на TROPHE MONDIAL De L’ACCORDEON – CМА 2025 сакам да ве известам дека по 27 години апстиненција од хармониката, моето повторно активирање во 2020 година ми донесе многу радост, среќа и успех. Покрај новите снимени две ЦД-а и освоеното I место на престижниот и реномиран Online International Open Trophy на СМА во категоријата 13-Б, синоќа на

• Offline International Open Trophy – СМА 2025, кој се одржува од 25 до 30 ноември 2025 година во градот Монтержис, Франција, повторно го освоив I МЕСТО во истата категорија.

• Со денешното објавување на резултатите од категоријата „Musik World“ очекувам da освојам повторно  прво место со оглед на одличниот настап, односно да ја заокружам двојната победа.

• Инаку станува збор за 75-то издание на овој престижен фестивал на акордеонисти од целиот свет, во организација на Светската конфедерација на акордеонот (Confédération Mondiale de l’Accordéon – СМА), создадена во 1951 година.

 

•Посебна благодарност до Проф Кирил Стојчески за несебичната музичка поддршка и логистика како и до Горан Алачки, Марина Дојчиновска и снимателот Трајче Илиевски кои се во моја придружба и стручна логистика.

• Ви благодарам на сите останати за поддршката и честитките – уште поголеми успеси веќе се на повидок.

Посебна благодарност до мојот другар СУАИП МЕРСОВСКИ македонец во Париз за неговата несебична и сесрдна грижа за мене и за целата екипа со мене. Тнх ШУЛЕ

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top