Македонија

Македонски политичар се трансформираше додека чека судска одлука дали ќе оди во затвор

Богоев се соочува со судски процес за криминал во Македонската царина чиј директор беше во времето на владата на СДСМ

Во постот на тренерот Anastas Angjeleski (coach.anastas) за физичката трансформација на Стефан Богоев тој го фали политичарот дека успеал да постигне успех.

,,Трансформацијата на Стефан Богоев е доказ дека резултатите доаѓаат кај оние што не се откажуваат.

Од првиот ден покажа дисциплина, посветеност и доверба во процесот. Не бараше изговори, туку работеше кон својата цел.

Со правилен тренинг, исхрана и конзистентност, резултатите не изостанаа.

Честитки за одличната работа, Стефан! Ова е само почеток”, пишува Анѓелески.

Богоев се соочува со судски процес за криминал во Македонската царина чиј директор беше во времето на владата на СДСМ.

Сите слики во линкот

https://www.instagram.com/p/DapLhYJkc9l/?igsh=bjVkamxna3V1ZnUx

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top