Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, целосна трансформација и финансиска стабилност на општина Ѓорче Петров

Во развојот на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров имаше најголем исчекор, така што во период од четири години се реконструираа и изградија околу 150 улици и патишта на територија на целата општина.

 

„За 50% зголемен буџет за капитални инвестиции во Ѓорче Петров, изградени 150 улици и патишта, 8 спортски терени, детски градинки, модернизирани училишта. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, четири години целосна трансформација, урбанизација и финансиска стабилност на општина Ѓорче Петров.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Финансиското стабилизирање на општината, како резултат на посветеното и домаќинско работење, донесе зголемување на буџетот за капитални проекти на цели 50%. За период од 4 години во Ѓорче Петров вложени се вкупно 300 милиони денари во капитални проекти, што е историски најголема сума во период од еден мандат. Се работеше на проекти од сите области, се градеа и се модернизираа условите во градинките и училиштата, се подобруваше патната и спортска инфраструктурата во сите делови на општината.

Во развојот на инфраструктурата имаше најголем исчекор, така што во период од четири години се реконструираа и изградија околу 150 улици и патишта на територија на целата општина. Активно се работеше на проширување капацитетите на детските градинки во Ѓорче Петров, со тоа што во Волково се изгради нова, а во моментов во фаза на градба е првата градинка во Стопански двор, со капацитет од над 120 деца, а во постапка на изградба е уште една детска градинка во Дексион.

Значителни пари се вложија во сите општинските основни училишта, енергетски ефикасно се подобри основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски, се заврши доградбата на училиштето Тихомир Милошевски и подрачното во Хром, а со нова и современа технологија се опремија кабинетите по природни науки во повеќе училишта.

Исто така, континуирано се работеше на подобрување на условите за спорт и рекреација во општината, така што се изградија осум нови спортски терени, а се реконструираа две големи мултифункционални игралишта. Со реконструкцијата на старото училиште во Кучково, Ѓорче Петров ќе го добие првиот регионален центар за деца којшто ја победиле битката со канцерот.

Никој не беше заборавен и запоставен, изминатите четири години се инвестираше во сите области и населени места во општина Ѓорче Петров. – нагласува ВМРО ДПМНЕ во асвоето соопштение.

 

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

To top