Македонија

Македонскиот судија кој беше нападнат од Азербејџанец не се кае што не возвратил со насилство на напаѓачот

Не згрешил ниту во судењето ниту во однесувањето

 

Македонскиот боксерски судија, Стефан Цубалевски, кој вчера во Србија беше нападнат од тренерот на Азербејџан во финалниот меч во категоријата до 75 килограми, не се кае што не возвратил со насилство на напаѓачот.

 

Цубалевски се огласи на социјалните мрежи со кратко излагање околу вчерашниот немил настан во кој тој беше нападнат и давен.

 

Вели дека не згрешил ниту во судењето ниту во однесувањето.

„Во периодот од 23.07 до 27.07. 2025 г. во Златибор – Р. Србија се оддржа Европско првенство за кадети – празник за спортот. Европско првенство кое беше организирано на високо ниво од страна на домаќинот, беше перфектно се до оној момент, последната борба на ова првенство меѓу репрезентативците на Србија и Азербејџан, кое требаше да биде шлаг на врвот. Гледам различни мислења по сите порталите. Па, да појаснам, за оние кои не се упатени толку во овој спорт, јас сум судија од највисок ранг, ИБА судија 3 ѕвезда. Боксерот на Азербејџан од моја страна беше предупреден со интерни опомени 4 пати, каде што морав да реагирам со јавна опомена, по која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата (фрљотки). Веднаш по ова неговиот тренер влезе во рингот да се пресмета физички и ме фати за кошулата, фала ви на сите пријатели што се јавивте, немам никаква повреда, ни видлива ни потешка. За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати, според правилата на ИБА (Меѓународната бокс асоцијација) доколку вратам и јас ќе бев суспендиран. Вака, тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (Европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба на неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното“, вели Цубалевски и додава:

„И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел затоа што мојот одземен бод е со право одземен, затоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на азербејџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка“!

 

Македонецот за малку спаси жива глава од нервозниот тренер

Азербејџански тренер давеше македонски судија на средношколки турнир во бокс (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top