Македонија

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Светскиот ТВ канал CNN ја вброи нашата Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат многу поголемо внимание од туристите, опишувајќи ја како „скриен бисер“ во Јужна Европа. Во својата рубрика за патувања, медиумот нагласува дека, иако најголемиот дел од туристите традиционално се насочуваат кон земји како Франција, Шпанија и Италија, континентот крие многу помалку откриени, но исклучително вредни дестинации – меѓу кои се издвојува и Македонија.

Македонија е претставена како „драматично планинска земја“, сместена северно од Грција, со импресивни природни пејзажи – од зелени ридови и планински врвови до карпести предели кои нудат автентично доживување за љубителите на природата.

Посебен акцент е ставен и на гастрономијата, која се менува од регион до регион и нуди богата палета вкусови, како и на климатските услови што овозможуваат производство на квалитетен зеленчук и развој на лозарството и винската индустрија.

Медиумот го издвојува и Скопје како град што нуди уникатен спој на модерно и традиционално, но и националните паркови и планинските региони, кои се сè поатрактивни за авантуристички туризам.

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Ваквото меѓународно признание се очекува да придонесе за зголемен интерес кај странските посетители и зацврстување на имиџот на Македонија на светската туристичка мапа.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top