Македонија

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. На 13.04.2026 во 00:40 часот во Скопско, полицијата го лишила од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини.

На 12.04.2026 во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13-годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.04.2026 лишен е од слобода С.С. (26) од Кичево, поради пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и од Ќ.Д.. На 13.04.2026 полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од Охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 ѝ го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и ѝ нанел повреди.

На 13.04.2026 во 01:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека 12.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот сом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На 13.04.2026 во 04:10 часот лишен од слобода е Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ги нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н.К. пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. која се обидела со остар предмет да го нападне.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top