Македонија

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио.

Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан престој за граѓани од 75 земји. На листата, покрај Македонија, се најдоа и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, како и земји од Балканот, Блискиот Исток, Африка, Азија и Карибите.

За македонските граѓани мерката значеше запирање на издавањето имигрантски визи за оние кои планирале преселување во САД, меѓу другото поради обединување со членови на семејството или поради вработување. Забраната не се однесуваше на неимигрантските визи, како туристичките и студентските.

Администрацијата на Трамп ја оправда мерката со потребата да се спречи влез на лица за кои се проценува дека би можеле да зависат од социјална помош и други јавни бенефиции.

Но, судијката Варгас утврди дека во пракса американските конзуларни службеници добивале инструкции да одбиваат барања врз основа на земјата на потекло на апликантот, дури и кога тој можел самостојно да се издржува.

Според американскиот закон, одбивањето имигрантска виза поради можноста лицето да стане „товар за јавните фондови“ мора да се темели на индивидуална проценка. При одлучувањето треба да се земат предвид финансиската состојба, возраста, здравствената состојба, вештините и семејните околности на апликантот.

Варгас ги поништи сите одбивања на визи кои биле засновани исклучиво на образложението дека апликантот би можел да стане товар за јавните фондови.

Станува збор за уште еден судски удар врз имиграциската политика на администрацијата на Трамп.

Судијката Варгас им даде рок на двете страни до 11 септември да предложат начин за решавање на преостанатите прашања во случајот. Администрацијата има право да поднесе жалба на одлуката.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

To top