Македонија Хроника

Малолетници зависници од дрога се препуштени сами на себе – што може да направи Македонија?!

Проблемот со употребата на дроги кај децата во Македонија станува сè позагрижувачки. Четиригодишни деца употребуваат лепак, додека осумгодишници инјектираат хероин. Во недостаток на конкретна институција, центар, програма и протокол за третман на болести на зависност кај деца, овие деца се препуштени сами на себе и најчесто треба да дочекаат полнолетство, за да пристапат во некоја […]

Проблемот со употребата на дроги кај децата во Македонија станува сè позагрижувачки. Четиригодишни деца употребуваат лепак, додека осумгодишници инјектираат хероин. Во недостаток на конкретна институција, центар, програма и протокол за третман на болести на зависност кај деца, овие деца се препуштени сами на себе и најчесто треба да дочекаат полнолетство, за да пристапат во некоја од програмите за лекување. Ова се наведува во Анализата за состојбата и третманот на деца кои користат дроги и други психотропни супстанци во Македонија изработена од Народниот правобранител.

Според анализата, системот за превенција, рано откривање, третман и рехабилитација на овие деца е недоволно развиен, а институционалните капацитети остануваат ограничени, не постојат ни медицински центри со специјализиран кадар и протоколи за лекување, ниту пак програми за превенција и рана детекција на употреба на психоактивни супстанци и дроги кај децата, алармираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Исто така, се намалува и возрасната граница на децата кои не само што употребуваат психоактивни супстанции туку и тргуваат со нив – најмладиот корисник на дрога во 2023та било дете под шест години, констатира заменичката Омбудсман Васка Бајрамовска Мустафа. Таа немаше одговор како децата ја добиваат дрогата, таа вели дека ретко се прават извештаи за овој проблем од страна на институциите, но податоците кои тие ги добиле укажуваат на сериозна и алармантна состојба со третманот и грижата за деца кои користат дроги и други психоактивни супстанци – како пример го посочи детскиот воспитно-поправен дом во Волковија, каде на децата зависници не им следува специјализиран третман туку само спортски активности, а се зголемува и бројката на деца кои користат  дроги како марихуана, амфетамини, екстази, кокаин и хероин.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top