Македонија

Манасиевски: Како беше спречено половина влада на Заев да заврши во затвор (ВИДЕО)

Обвинителката Лејла Кадриу била суспендирана откако побарала градежно вештачење за модуларната болница

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, одново ја отвори темата за пожарот во модуларната болница

„Пола влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, изјавила Кадриу за истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница каде што загинаа 14 наши сограѓани“, вели  Манасиевски повикувајќи се на изјавите на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу..

Како што рече Манасиевски, при подготовката на модуларните болници, наместо да се подобрат стандардите на болниците, министерството и владата донеле измени на Законот за градење по итна постапка, со цел поставувањето на овие објекти да биде овозможено со минимални проверки.

„Сето тоа, по предлог на Филипче и Заев, доведе до тоа што наместо квалитетни панели со камена волна, кои не горат до 40 минути, биле ставени панели со PUR пена. Немало ниту елаборат за електрична енергија, што резултирало со експлозија и пожар“, истакна Манасиевски.

Според него, Филипче ја игнорирал и понудата на директор од тетовската болница да смести ковид-пациенти во слободните спратови на болницата, бидејќи, како што рече Манасиевски, „30 милиони евра морале да бидат потрошени по секоја цена, додека за модуларните болници не биле потрошени повеќе од 300.000 евра. Прашањето е каде завршиле останатите пари?“

Дополнително, според Манасиевски, модуларната болница била поставена директно над резервоар на бензиска пумпа, што го зголемувало ризикот од поголема експлозија и повеќе човечки жртви.

„Кадриу била суспендирана откако побарала градежно вештачење за модуларната болница. Таа вели дека била суспендирана затоа што, ако ја истражела вистината, пола влада ќе завршела во затвор“истакнува Манасиевски.

Лекарот Филипче ја составил документацијата за модуларната во Тетово, без елаборат за електрична енергија

Најнови вести од: Македонија

Весникот „Илинден“, гласникот на Македонците во Албанија – петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

„Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот. На 1 март 2011 година Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана го издаде првиот број на својот весник ‘Илинден’. Тој прв број, објавен како двоен (март/април), беше симболичен почеток на една медиумска приказна, која денес, петнаесет години подоцна, има 71 издание. Во текот на овие години, весникот не само што обезбеди континуитет и посветеност туку и изгради мостови меѓу заедниците – од Македонците во Албанија, преку читателите во татковината Македонија, па сè до дијаспората низ светот. Секое издание претставува сведоштво за една борба за видливост, за зачувување на јазикот и културата и за афирмација на македонскиот идентитет во услови на постојани предизвици.“ – пишува во статијата, која ја објави денес дневниот весник „Нова Македонија“.

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

Протест на ОМД кон Бугарија: Ако е закана Менкиноски, кој ги брани правата на Македонците пред ЕСЧК, тогаш сите сме закана!

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон, САД, изразува сериозна загриженост и протест поради одлуката на бугарските власти со која на адвокатот Тони Менкиноски му се изрекува 10-годишна забрана за влез во Бугарија.

Амбициозна најава на Трајановски: По нов асфалт од Извор преку Пресека до Врбјани – пред Велигден!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, КоцеТрајановски најави дека планира да се вози по нов асфалт пред велигденските празници од селото Извор преку превојот Пресека.

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води неселективно, законот важи за сите – Институциите постапуваат врз основа на докази

Осврнувајќи се на повеќе актуелни безбедносни прашања, во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа телевизија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата доследно да се почитува владеењето на правото.

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Егл, Швајцарија – по филмска потера уапсен!

По тежок оружен инцидент, кој се случил вчера, на 5 март 2026 година, државјанин на Македонија бил уапсен во Швајцарија. Според полициските информации, 34-годишниот осомничен, од автомобил пукал кон група луѓе. Потоа уследила вистинска драма низ улиците. Настанот се случил околу 13 часот во индустриската зона на градот Егл. Првичните информации од надлежните укажуваат дека мотивот за пукањето е претходна меѓусебна расправија. Притоа немало повредени лица.

Најнови вести

To top