Македонија

Ана Костадиновска и Сара Пројковска биле една до друга на сцената кога избил пожарот во дискотеката „Пулс“

Болката која ја чувствуваме кога ќе ја изгубиме драга личност никогаш не престанува

Три месеци од трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска ги одбележа со неколку фотографии на социјалните мрежи, под кои кратко напиша – НЕПРЕБОЛ.

Нé потсети на заедничките настапи со ДНК и на дружбата со членовите на бендот.

Нé потсети и на нејзината втора половина, најдобрата пријателка, другарака, придружниот вокал Сара Пројковска, објави Женски Магазин.

Физичкото заминување на блиските луѓе од овој свет остава голема празнина и уште поголема болка во душата. Веќе ништо не е исто како порано, а спомените како на филмско платно прелетуваат низ просторот и ги бришат жешките солзи. Кога ќе загубиш некој близок е исто како кога ќе откинеш јаболко од јаболкница. Сé е исто, само нешто недостасува.Во тие мигови тишината е најголемото засолниште.

Пејачите и музичарите се единствените што во тие мигови тагата ја претвораат во песна и така пловат низ морето наречено живот. Пеат да ги расположат другите, иво миговите кога им е најтешко. Ана потврди дека е голем професионалец. Повторно се врати на сцената, како придружен вокал на концертот на Каролина Гочева.

Тоа беше причината да ја побараме за разговор, првпат по трагедијата во Кочани.  Првично прифати, но потоа ни одговори дека многу сака да зборува за Сара и за членовите на ДНК кои заминаа во вечноста, да ги оживее спомените за нив. Но, тагата што ја чувствува го секнува зборот што треба да го напише или проговори, пренесува Фактор.мк.

Многу нешта се непознати за најголемата македонска трагедија која се случи на 16 март во Кочани – пожарот во дискотеката Пулс кога животот го изгубија 62 луѓе. Многу прашања немаат одговори. Се зборува, се претпоставува, се дебатира.

Едно од нив е и прашањето, како Ана успеа да се спаси, а Сара да замине во вечноста, кога од снимките се гледа дека на сцената се една до друга?

Кога избувнал пожарот се фатиле цврсто за рака и почнале да се пробиваат низ толпата. Тоа е последната сцена на која Ана се сеќава. „Да, така беше.“ – ни потврди и таа.

Болката која ја чувствуваме кога ќе ја изгубиме драга личност никогаш не престанува. Разликата е во тоа што со времето учиш како да живееш со неа.

Животот ја стави Ана на најголем тест и искушение. Во временски интервал од три години го изгуби својот татко, легендарниот автор, маестро Ките Костов, својот сопруг, со кој доживеа љубовна приказна како од бајка. И своите соработници.

Женски магазин

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top