Македонија

Манасиевски прашува: Зошто Филипче ги крие анкетите? (ВИДЕО)

Прашања што според него бараат јасен одговор

ВМРО-ДПМНЕ остро го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, конечно да ги објави анкетите што ги најави пред две недели, а кои до денес останаа необјавени.

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ги постави директните прашања што според него бараат јасен одговор.

„Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС?“, праша Манасиевски.

Тој потсети дека на изборите во Брвеница разликата меѓу двете партии била четири спрема еден, додека предноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на Филипче изнесувала седум спрема еден.

„Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл“, кажа Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top