Македонија

Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата (ВИДЕО)

Судии и обвинители блиски до двете партии под лупа

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на денешната прес-конференција обвини дека СДС и ДУИ со години влијаеле врз правосудниот систем преку поставување свои кадри на високи позиции и порача дека, според него, за тоа мора да има одговорност.

Манасиевски тврди дека дел од судиите и обвинителите блиски до двете партии носат одлуки спротивни на правдата, но во согласност со нивните политички интереси.

Како примери ги наведе обвинителката Катерина Коларевиќ, за која тврдеше дека го затворила случајот „Мазут“, посочувајќи ги и функциите на нејзините родители во периодот на владеење на СДС и коалицијата со ДУИ.

Во своето обраќање Манасиевски го спомена и судијата Пајазит Пајазити, за кого тврдеше дека е близок до ДУИ и одлучувал во предметите поврзани со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети.

Тој ја посочи и судијката Даниела Алексовска Стојановска, тврдејќи дека во нејзината куќа бил сместен штаб на СДС.

Како уште еден пример го наведе Ислам Абази, за кого Манасиевски тврдеше дека е близок до поранешниот лидер на ДУИ Али Ахмети и дека функцијата шеф на ОЈО ГОКК ја добил во периодот на претходната власт.

Според Манасиевски, овие случаи се дел од систем што СДС и ДУИ го граделе со години преку поставување лица на високи позиции во правосудството.

„И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме“, порача Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top