Македонија

Манасиевски: Таравари се интересираше за паркингот на „Ѓока“, за Груби, но не и за балансерот

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, според кој една од причините за напуштањето на Владата е  отстранувањето на „балансерот“ и обвини дека има тенденции за маргинализирање на Албанците. Но, според владејачката партија, Таравари активно учествувал на владини состаноци, но на тие состаноци никогаш не зборувал за законот за […]

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, според кој една од причините за напуштањето на Владата е  отстранувањето на „балансерот“ и обвини дека има тенденции за маргинализирање на Албанците.

Но, според владејачката партија, Таравари активно учествувал на владини состаноци, но на тие состаноци никогаш не зборувал за законот за јазиците ниту за балансерот, пренесува Телеграфи.

„Тој не зборуваше, ниту пак некој го слушнал да зборува за европските интеграции, бидејќи тие се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.

Но, знаеме дека беше заинтересиран за концесионерот на паркингот на Клиничкиот центар – Ѓока, бидејќи беше елиминиран од играта.

Тој беше многу заинтересиран за Артан Груби, Зоран Заев и нивните бизниси, како и за важни прашања за ДУИ“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари: Ако јавноста е против, тендерот за паркинг во Клинички може и да се поништи

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top