Македонија

Манасиевски: Заев и Димитријевиќ водат „тајни операции“ за формирање опозициски фронт во Србија

Манасиевски посочи дека на средбата присуствувале Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, за кој истакна дека е меѓународен секретар на српската СДС и еден од основачите на движењето „Отпор!“.

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања кон раководството на СДС, тврдејќи дека партијата е директно вклучена во политички процеси во соседна Србија. Според него, генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба во Скопје со српски опозиционери со цел формирање на „опозициски фронт“ во Србија, под директни насоки на Зоран Заев и Зоран Башановиќ.

Манасиевски посочи дека на средбата присуствувале Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, за кој истакна дека е меѓународен секретар на српската СДС и еден од основачите на движењето „Отпор!“.

„Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра – Јован Ратковиќ“, истакна Манасиевски.

Тој оцени дека СДС се става на услуга на политички структури во друга држава, додека истовремено се соочува со сериозен пад на рејтингот и внатрешни превирања во Македонија. Манасиевски упати остри критики кон актуелното раководство на СДС, нарекувајќи го актуелниот претседател „чирак на Заев“, додавајќи дека партијата нема да се реформира сè додека не се дистанцира од влијанието на поранешниот лидер Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top