Македонија

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата

Манасиевски порача дека Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ

Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ. Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“. Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ, посочи тој.

Манасиевски порача дека Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

To top