Македонија Свет

Марта Кос ќе “олеснува” Македонија да направи уставни измени

„Со С.Македонија, наша политичка цел е да ги отвориме преговорите со кластерот „Фундаменти“, веднаш штом неопходните уставни измени бидат усвоени. За ова, Бугарија и С. Македонија треба да започнат опширно да разговараат и да најдат решение за ова билатерално прашање. Јас сум тука да олеснувам ако е тоа потребно.“, рече еврокомсарката за проширувае на ЕУ, […]

„Со С.Македонија, наша политичка цел е да ги отвориме преговорите со кластерот „Фундаменти“, веднаш штом неопходните уставни измени бидат усвоени. За ова, Бугарија и С. Македонија треба да започнат опширно да разговараат и да најдат решение за ова билатерално прашање. Јас сум тука да олеснувам ако е тоа потребно.“, рече еврокомсарката за проширувае на ЕУ, Марта Кос лпја се понуди да олеснува разговори меѓу Скопје и Софија.

Зборувајќи за земјите-кандидатки, истакна дека Европската Комисија напорно работи со земјите-членки за да ги поедноставни пристапните процедури.

Целта е, според Кос, да се оневозможи билатералните спорови да го отежнат проширувањето на Унијата.

Најнови вести од: Македонија Свет

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top