Македонија

Масакр во Кичево: „Општината молчи, како да е нормално да се живее меѓу отров и оружје“

Се бара итна реакција откако биле убиени над 40 кучиња

Активистите од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат итна реакција од институциите по ужасниот случај во Кичево, каде што во само еден ден биле убиени повеќе од 40 кучиња – дел отруени, а дел застрелани.

Телата на животните биле пронајдени на повеќе локации низ градот, вклучувајќи и во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“, што дополнително ја зголемува загриженоста на граѓаните.

„Два дена молчевме. Сакавме да видиме дали некоја институција ќе реагира – градоначалникот Фатмир Дехари, општината, полицијата. Два дена – ништо. Како да е сè нормално. Како да е прифатливо да живееш во град опколен со отров и оружје“, се наведува во соопштението на здружението.

Од „Анима мунди“ предупредуваат дека животните биле убиени со екстремно токсични супстанции, кои можат да бидат смртоносни и за луѓе, а дел од нив имале траги од огнено оружје.

Да се проверат камерите, да се идентификуваат сторителите и да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација“, бараат активистите.

видео:

https://www.instagram.com/skopje1mk/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3b5f34b6-61f2-4bb4-9127-30373fa3bf28&ig_mid=E4EA69C2-7556-457C-853D-DB8B3C746AE0
Здружението го прашува градоначалникот Фатмир Дехари:

„Дали е нормално во вашиот град да се убиваат животни со отрови што за пет минути можат да усмртат дете? Дали е нормално некој вооружен да шета и да пука по животни додека граѓаните спијат? Кој нареди ‘Кичевски комуналец’ за половина час да ги собере и исфрли 40 трупа – без увид, без полиција, без истрага? И каде се сега тие тела?“

Од здружението велат дека ова не е изолиран инцидент, туку повторување на мрачна пракса што била присутна пред петнаесет години.
„Такво нешто не може да направи поединец. Тоа го прави институција што организира ликвидација – никој не убива цел град животни сам“, реагираат тие.

Активистите потсетуваат дека Кичево со години има проблем со прекубројност на бездомни животни, но дека убивањето не е решение.
„Општината годишно издвојува околу 20.000 евра за управување со оваа проблематика, а 115.000 евра плаќа за обесштетувања по пријави за каснувања – реални и лажирани. Тоа не е планско управување, туку злоупотреба на јавни пари“, наведува „Анима мунди“.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top