Македонија

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Чешка и дека земјата е подготвена да го сподели сопственото искуство од пристапниот процес. – Членството на Македонија во Европската Унија е приоритет за Република Чешка. Тоа е во наш заеднички интерес, Европската Унија да се прошири со земјите коишто поминуваат низ пристапните преговори, токму на ваков начин како што тоа го прави вашата земја. Нашиот процес за пристапување не беше едноставен, траеше долго. Ние во текот на тој процес не ги направивме сите работи правилно, па имаме многу искуство коешто можеме да го споделиме, за да не ги повторувате грешките коишто ние ги направивме. Но, низ цело тоа време сакавме да ја промениме нашата земја за да биде членка на Европската Унија. Требаше да имаме некој однатре којшто може да зборува со ист јазик, којшто има ист поглед кон светот како нас, кој ги разбира работите во Европската Унија. Сега ние сме во ситуација кога сме членки на Европската Унија, но го уверувам министерот Муцунски и сите останати претставници на Македонија дека ние сме навистина пријателска земја – нагласи Мацинка.


Чешкиот министер за надворешни работи порача дека Македонија може да смета на Чешка како пријателска земја и дека Прага ја следи сложеноста на пристапниот процес на земјава. – Но, морам да ве уверам дека е наша приоритетна цел да ја видиме Македонија во Европската Унија што е можно побргу и сме подготвени да направиме сè што ќе биде потребно. Тоа не е само битно за вас, туку и за нас – рече Мацинка.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски истакна дека посетата се реализира во година во која Македонија одбележува 35 години независност, а дипломатските односи со Чешка влегуваат во четвртата деценија. – Оваа официјална посета се реализира во година кога одбележуваме 35 години од независноста на нашата држава, но и период кога влегуваме во четвртата деценија од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите две земји. Во изминатите децении изградивме односи на искрено пријателство, меѓусебна доверба и партнерство. Денешната посета е токму тоа – потврда за јасна политичка волја ова партнерство не само да го одржуваме, туку да му дадеме нова содржина, рече Муцунски.

Тој посочи дека со чешкиот колега разговарале за продлабочување на политичкиот дијалог, економската соработка, трговијата, инвестициите, миграцијата, како и соработката во културата и образованието. – Разговаравме за повеќе теми, меѓу кои за продлабочување на политичкиот дијалог, економската соработка, трговијата и инвестициите, миграцијата како тема, но и соработката во културата и образованието. На економски план постои значителен простор за повеќе. Чешката Република веќе се вбројува помеѓу нашите 15 најзначајни трговски партнери, но нашата амбиција е оваа соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво. Гледаме конкретни можности за транспорт и инфраструктура, енергетика, туризам, земјоделство и технолошки инвестиции – рече Муцунски.

Тој ја нагласи и поддршката од Чешка за европската перспектива на Македонија. – Чешка е многу важен европски и евроатлантски партнер на нашата држава. Особено ја цениме нејзината принципиелна и континуирана поддршка за европската перспектива на нашиот регион и за нашето полноправно членство во Европската Унија – рече Муцунски.


Во однос на европската интеграција, Муцунски, исто така, порача дека таа останува наша стратешка определба и дека земјава е подготвена да ги спроведе реформите и да ги исполни европските стандарди, но очекува процесот да биде кредибилен и предвидлив. – За нас европската интеграција останува стратешка определба. Ние сме подготвени да ја завршиме нашата работа, да ги спроведеме реформите и да ги исполниме европските стандарди. Но истовремено сме јасни дека процесот мора да биде кредибилен и предвидлив и дека напредокот мора да се вреднува врз основа на резултати, заслуги и однапред утврдени европски критериуми. Во таа смисла, ние не бараме привилегиран третман, ние бараме фер и европски процес – рече Муцунски.

Тој нагласи дека реформите се спроведуваат пред сè за граѓаните и оти интеграцијата на Западен Балкан е значајна и од аспект на европската безбедност и стабилност. – Реформите пред сè ги правиме за нашите граѓани. Тие треба да значат подобри институции, посилно владеење на правото, поконкурентна економија и повисок животен стандард. Но, кога една држава ги исполнува своите обврски, Европската Унија мора да биде подготвена да го препознае тоа и соодветно да го вреднува. Веруваме во Европа која носи одлуки и која ги исполнува своите ветувања и која разбира дека интеграцијата на Западниот Балкан денес не е само прашање на проширување, туку и прашање на европска безбедност, стабилност и геополитичка кредибилност – рече Муцунски.

Во разговорите биле опфатени и прашања поврзани со безбедноста, при што Муцунски истакна дека двете земји, како сојузници во НАТО, имаат заедничка одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и регионот. – Како сојузници во НАТО, разговаравме за потребата од натамошно зајакнување на нашата соработка и координација, како и нашата заедничка одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста на Европа, но и на нашиот регион – рече Муцунски.

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Најнови вести

To top