Македонија

Меџити: Ако победам во Чаир, Беким Сали ќе биде вицепремиер

Во „ВРЕДИ“ се согласиле дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити,  изјави дека доколку победи во трката за градоначалник на општина Чаир, тогаш заменик-претседателот и поранешен министер, Беким Сали, ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер.

Меџити, во изјава за медиумите, нагласи дека во рамките на коалицијата „ВРЕДИ“ се согласиле дека Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста.

Премиерот, Христијан Мицкоски изјави дека Меџити ќе продолжи да ги исполнува своите должности и покрај најавената кандидатура за претстојните локални избори.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top