Македонија

Меџити: Ако се согласат сите едногласно во Вреди, тогаш ќе прифатам да ја водам како партија

Внатре во коалицијата Вреди веќе се водат дискусии за нејзиното идно структурирање како партија и за политичкото раководство.

„Новоизбраниот претседател на општина Чаир Изет Меџити во интервју за ТВ Алсат М отворено зборуваше за можноста да ја преземе лидерската позиција во политичкото движење Вреди. Запрашан дали би прифатил да стане лидер на Вреди, Меџити одговори дека не избегнува од одговорноста, додавајќи дека таква одлука треба да биде резултат на целосно единство во коалицијата.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Натаму порталот наведува: „Не избегнувам одговорност. Ако се согласат сите едногласно внатре во Вреди, тогаш јас прифаќам да ја водам како партија.“ – посочи Меџити.

„Неговата изјава доаѓа во момент кога по успехот на локалните избори, Вреди се гледа како главна политичка сила на Албанците во Македонија, додека внатре во коалицијата веќе се водат дискусии за идното структурирање како партија и за политичкото раководство. Меџити, кој забележа убедлива победа во Чаир, се гледа од многу аналитичари како консензуална личност, со широко политичко влијание и со потенцијал да ја консолидира Вреди како стабилна и модерна албанска сила во земјата.“ – објави „Алмакос“.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top