Македонија

Меџити: ДУИ, Левица и Арсовска се одговорни за пожарот на Дрисла и согорувањето отпад, штетен за здравјето на луѓето

„Целата Влада и Центарот за управување со кризи се во функција да го изгаснат пожарот на оваа депонија и да преземат мерки час поскоро, за да се избегне катастрофата.“ – посочи ресорниот министер за заштита на животната средина Изет Меџити.

„Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прашањето за пожарот на депонијата Дрисла изјави дека ДУИ, ЛЕВИЦА и Данела Арсовска се одговорни за овој инцидент. Тој рече дека инспекторатот е на терен и оти се преземаат мерки за споменатиот пожар.“ – објави ТВ Шења.

Натаму телевизијата наведува: „Ова се случува поради неодговорноста на ДУИ, ЛЕВИЦА и ДанелаАрсовска, со која се води Јавното претпријатие Дрисла. Центарот за управување со кризи и целата влада се во функција да го изгаснат пожарот и да преземат мерки час поскоро, за да се избегне оваа катастрофа. Инспекторатот го спроведува инспекцискиот надѕор и ќе донесе соодветна одлука, во принцип за да се реши проблемот. Но ако видиме дека немаат надлежности и желба да го решат, тогаш тоа може да се преземе под надлежностите на министерството.“ – посочи Изет Меџити.

Тој индиректно ја обвини ДУИ, велејќи дека ваквите ситуации се случуваат таму каде што тие раководат. „Сите опции се отворени, но одговорноста е на градоначалничката Данела Арсовска, на ДУИ и ЛЕВИЦА. Не можам директно да го кажам тоа, но изненадувачки е што таму каде што тие раководат има дестабилизација и се случуваат вакви ситуации.“ – напомна министерот Меџити.

Депонијата Дрисла со денови предизвикува загадување на воздухот и согорување отпад, штетен за здравјето на луѓето. Мирисот на гума и пластика ги задушува жителите на Студеничани. Дури и министерот за здравство Азир Алиу пред неколку дена препорача жителите на Скопјани да не излегуваат надвор, освен ако не е апсолутно неопходно, поради токсини и загаден воздух од пожарите, што избувнаа на неколку депонии во земјата. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top