Македонија

Меџити јавно го праша Османи: Дали најмалку двапати бил во Будимпешта на средба со Груевски

Првиот заменик премиер на Северна Македонија и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска упати јавен предизвик до неговиот противкандидат Бујар Османи.

Првиот заменик премиер на Северна Македонија и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска упати јавен предизвик до неговиот противкандидат Бујар Османи. Меџити побара Османи да одговори дали е точно дека најмалку двапати остварил директни средби со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Ќе поставам прашање – дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски? Ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било“, изјави Меџити пред медиумите.

Ова обвинување доаѓа во услови на засилена политичка кампања пред локалните избори, при што Меџити ветува дека ќе обелодени детали за наводните средби откако Османи ќе даде одговор. Засега, нема официјална потврда или демант од страна на Османи за овие тврдења.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top