Македонија

Меџити најави модерна противпожарна станица во Чаир

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните.

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните.

Новиот објект ќе има површина од 750 м², ќе биде опремен со три современи противпожарни камиони и ќе располага со 12 професионални пожарникари, подготвени за секоја итна ситуација.

„Овој проект доаѓа како потреба за поголема безбедност, брз одговор и ефикасни услуги за нашите граѓани. Чаир заслужува модерна инфраструктура и силна институционална поддршка“, истакна Меџити.

Тој изрази посебна благодарност до Доброволната пожарникарска организација „Бајрам Мифтари“ за нивниот долгогодишен придонес и посветеност кон заедницата, истакнувајќи го нивниот пример на солидарност и хуманост.

Меџити додаде дека со заеднички ангажман на граѓаните, професионалците и партнерите, проектот ќе стане реалност, обезбедувајќи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема безбедност за сите.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

To top