Македонија

Дурловски ја освои Кина со настапот во „Волшебната флејта“ во Пекинг

Весникот „Бејџинг дејли“ и Националниот центар за сценски уметности со позитивни критики за македонскиот оперски пејач

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски доби позитивни критики во Кина за својата интерпретација во аријата на Сарастро во операта „Волшебната флејта“ во Пекинг.

„Богатиот и моќен бас убедливо ги пренесе толеранцијата и мудроста на светлината“, напиша весникот „Бејџинг дејли“, фалејќи ги во извештајот за синоќешната премиера длабочината на гласот и човечноста што Дурловски ги внел во ликот.

„Неговиот глас беше стабилен и моќен како темелите на храмот, а секој тон носеше непобитна свеченост“, се вели во извештајот од Националниот центар за сценски уметности (НЦПА).

Станува збор за копродукција на НЦПА и Националната опера на Бордо, со меѓународна оперска екипа, под диригентската палка на Лу Џија и во режија на Жилиен Дивал.

Последната претстава од оваа копродукција на 28 ноември ќе биде пренесувана преку „лајв стрим“ во 111 театри.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

To top