Македонија

Меџити: Во земјава има 200.000 дивоградби

Предничи Гостивар

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, повика институциите да постапуваат по обвинувањата за дивоградби од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Градоначалничката Арсовска, по повеќе од три години молк, последниов месец, посетува градилишта на дивоградби во Чаир, обвинува за криминал и фалсификати и укажува дека има дивоградби изградени и во периодот додека градоначалник беше Меџити. Тој како кадар на ДУИ доби три мандати во Чаир и беше градоначалник од 2005 до 2017 година.

„Во однос на дивоградбите бројката е над 200.000 на ниво на државата. Ги има во сите 80 општини, а по бројката на дивоградби предничи Гостивар. Јас ги повикувам институциите да делуваат каде што има спроведени работи надвор од законот. Ќе ги оставиме да делуваат секаде, но не селективно, како што имаше интенција од градоначалничката“, рече Меџити попладнево на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес кажа дека дивоградбите за кои ќе се утврди дека се закана за безбедноста ќе бидат урнати и извести дека нивниот Оддел за организиран криминал е влезен во Чаир, но и во Сарај и во Аеродром, а ќе се проверува документацијата на и на Општина Кисела Вода.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

To top