Македонија

Менкиноски го „растури“ Џамбаски

Фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е „антибугарско“, туку дел од долгогодишна правна и демократска дебата во рамките на Советот на Европа, а во корист на нас Македонците

Познатиот адвокатот и борец за правата на македонското малцинство во Бугарија, Тони Менкиноски, и кандидат за судија што ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права му одговори на контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски кој на социјалните мрежи отворено се спротивстави на кандидатурата.

Џамбаски вели дека било „неприфатливо е Бугарија да дозволи ова лице да влезе во таква антинационална и затоа антибугарска организација како што е ЕСЧП“, бидејќи, биографијата на Менкиноски е, како што тој наведе, „повеќе од скандалозна“.

Менкиноски веднаш упати одговор кон Џамбаски, што „Нова Македонија“ го пренесува во целост.

Г-дин Џамбаски,

Кога веќе ме споменувате по име и се обидувате да ме дисквалификувате со политички квалификации, најмалку што можам да направам е да одговорам со факти – а не со лични напади. Токму фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е „антибугарско“, туку дел од долгогодишна правна и демократска дебата во рамките на Советот на Европа, а во корист на нас Македонците.

1. ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА УШТЕ ВО 2008 ГОДИНА Ѝ ПРЕПОРАЧА НА БУГАРИЈА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Во своето Opinion No. 444/2007, Венецијанската комисија многу јасно и недвосмислено укажува дека: Уставната забрана за формирање политички партии на етничка, верска или „национална“ основа е спротивна на Европската конвенција за човекови права. И препорачува оваа забрана да биде изменета, бидејќи ги ограничува правата на здружување и политичко претставување на одредени заедници. Ова е став на највисокиот советодавен орган за уставно право во Европа – не став на „провокатори“, како што вие кажувате.

2. КОМЕСАРОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ТОМАС ХАМАРБЕРГ ДАДЕ ИСТОВЕТНА ПРЕПОРАКА

Во својот официјален извештај од 2008 година, комесарот Хамарберг: „изрази сериозна загриженост за ограничувањата на слободата на здружување во Бугарија, и ја повика државата да го измени Уставот за да се усогласи со европските стандарди“ . Ова повторно е документ на Советот на Европа – највисоката институција за човекови права на континентот.

3. И ДРУГИ ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ ГО ДЕЛАТ ИСТИОТ СТАВ

Во изминатите две децении, повеќе тела на Советот на Европа, меѓународни правни експерти, па дури и европратеници од различни политички групации потврдија дека: „проблемот не е во малцинствата, туку во уставната рамка на Бугарија, која треба да се усогласи со европските демократски стандарди“. Значи, ова не е „измислица“ ниту мислење на едно лице. Тоа е меѓународен правен став кој постои многу години пред моето име некој да го спомене во бугарските медиуми.

4. НАМЕСТО ЛИЧНИ НАПАДИ — ФАКТИТЕ СЕ ЈАСНИ

Ниту сум антибугарски, ниту сум дел од каква било „кампања“. Јас само се повикувам на официјални документи на европските институции – институции што Бугарија сама ги прифатила како правно релевантни.

5. И КОНЕЧНО – МОЈАТА ПОРАКА КАКО МАКЕДОНЕЦ

Ние, Македонците – без разлика каде живееме – секогаш ќе се бориме мирно, демократски и упорно за нашите основни човекови права: правото на самоопределување, правото на здружување и правото на достоинство. Никогаш нема да се откажеме од овие вредности.
Не затоа што се против некого, туку затоа што се за слобода, еднаквост и почитување на човекот. И затоа ние Македонците никогаш нема да попуштиме пред никого. Ќе останеме цврсти и ќе продолжиме да ги надминуваме сите предизвици пред нас. Ова го докажавме во текот на изминатите два века. Ако некои не се свесни за ова, можам само да кажам дека е жално – бидејќи говорите исполнети со омраза и нетолеранција никогаш никому не донеле успех.

Најнови вести од: Македонија

Прочка – празник за проштавање и покајание – Како, кому и колку да простуваме?!

Прочка или Велики поклади – ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред  Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов […]

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

To top