Македонија

Мицевски: ДУИ не сакаат независни кандидати на локалните избори, им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Мицевски на општествената мрежа го прецизира уште еднаш ставот на ВМРО ДПМНЕ дека единствено е важно учеството на сите заинтересирани граѓани под еднакви услови и да се надминат правните толкувања и правните недоречености на овој план

„Во насока на регулирање на различните правни толкувања и недореченостите во постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи од независни кандидати, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесовме измени на Изборниот законик, со кои ќе се уреди врeмено оваа постапка, што беше укината претходно од Уставниот суд.“ – објави на фејсбук пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски.

Натаму Мицевски истакнува: Со ова решение се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од група избирачи.
Во Комисијата за политички систем беше поднесен амандман од Левица да се намали прагот од 0,95 отсто на 0,5 отсто за потребни потписи за независни кандидати.

Што за нас беше прифатливо и со 8 гласа ЗА (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДСМ )
и еден ПРОТИВ (ДУИ) амандманот беше прифатен. Чудно беше што иако се предлагачи, никој од Левица не гласаше за нивниот амандман?

Со ова покажуваме дека во ова законско решение единствена цел ни е надминување на правните толкувања и правните недоречености и оти единствено ни е важно учеството на сите заинтересирани граѓани на овие локални избори под еднакви услови. – наведува Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ на општствената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top