Македонија

Мицкоски: Дигитализацијата е мост кон Европа и штит против корупцијата

Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа

Во Скопје денеска се одржува Западнобалканскиот дигитален самит 2025, на кој премиерот Христијан Мицкоски истакна дека дигитализацијата е клучот за иднината на регионот и за европската интеграција на земјата.

–  Денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа, порача премиерот во своето обраќање пред претставници на Европската Унија, министри од регионот и гости.

Тој нагласи дека дигитализацијата е алатка со која државата ќе ја победи бирократијата и ќе им обезбеди брзи и ефикасни услуги на граѓаните. – Кога секој граѓанин ќе може со еден клик да добие документ – тоа е вистинска демократија, рече Мицкоски.

Како симбол на новата дигитална ера беше претставена и апликацијата М-Услуги, која овозможува дигитален паричник со документи, безбедна размена на податоци и транспарентност во комуникацијата со институциите. Премиерот упати благодарност до министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и неговиот тим за развојот на апликацијата.

Мицкоски најави дека до крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн, секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, а образованието ќе создава генерации со конкурентни дигитални вештини. Посебен акцент стави и на потребата од силен систем за сајбер-безбедност.

–  Дигитализацијата е нашиот мост кон Европа. Таа е нашиот штит против корупцијата. Таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество,“порача премиерот, додавајќи дека Македонија има цел да стане центар на дигитални иновации во регионот.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top