Македонија

Мицкоски: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип!

„На 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија, да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за својот човек, за своето место, за својата иднина.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од синоќешниот народен митинг во Виница.

На отворена сцена гледаме непринципиелна коалиција, која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција која ја направија ДУИ и Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото активистите и членовите на Левица како дел од така наречената Шарена’, или ‘Обоена револуција’, уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, уриваа држава. Ги видовме како добиваат скапо платени хонорари од Специјалното јавно обвинителство, а во последно време и како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи, што ги имаат.“ кажа премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешниот народен митинг во Виница.

Според Мицкоски, како што нагласи, Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али и затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип. Мицкоски се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото кога на собраниската говорница му се обраќал на Димче Апасиев пред едни избори, велејќи му „нели јас и ти се договоривме да ти обезбедам ресурси, да ти обезбедам средства, за да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а по изборите да бидеме заедно во коалиција и да ја спасуваме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан“, на што Апасиев ја наведнал главата и си заминал од собраниската сала“.

Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што апсолутно немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како во Тетово, како Гостивар и Струга.“ – посочи премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека, ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидирале кандидат за градоначалник во родниот град на Апасиев во Велес, или во Штип, во родниот град на вториот по важност во Левица КрмовОдговорот е многу едноставен: тие се таму во проксиулога, заради потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат гласовите против ДУИ и Ахмети, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ.“ – рече Мицкоски

Затоа, порача тој, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија, да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за својот човек, за своето место, за својата иднина.

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на синоќешниот митинг во Виница истакна дека локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓанинот со институциите, но оти локалната власт не може сама да носи големи промени, за тоа, вели, потребна е силна поддршка, потребна е Влада и водство, кое знае да отвора врати и да обезбедува средства, односно да создава можности. Според него, само со „заедничка работа на градоначалникот, советниците и Владата – можеме да се донесеме вистински промени, да реализираме проекти и да изградиме иднина, со која сите ќе се гордееме“.

Нашата сила е во заедништвото. Кога локалната власт и Владата се на иста страна, кога премиерот е со нас, кога градоначалникот и советниците работат заедно, тогаш нема пречка, што не може да се надмине. Со гласањето за 9 ја давате довербата на нашата локална власт, а таа е доверба, што ќе ја донесе и Владата поблиску до вас. Довербата во градоначалникот и во советничката листа со број 9 е доверба и обврска тие да работат со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа заедништво ќе ја донесе иднината што ја заслужувате.“ – порача Ковачки.

Митко Костадиновски, кандидат за градоначалник за општина Виница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на митингот истакна дека изминатите четири години општина Виница ја карактеризираа позитивни промени, проследени со многу реализирани проекти и решени проблеми. Тој вети дека ќе работи одговорно, отворено и отчетно, без никаква толеранција кон корупција и во интерес на граѓаните.

Костадиновски појасни дека програмата е изработена согласно со потребите и барањата на граѓаните на општина Виница и ги наведе приоритетните проекти како што се изградба на спортска сала, реконструкција на градски парк, обнова на зелени површини како и проектите во областа на сообраќајот, на патната инфраструктура, донесување нови урбанистички планови и формирање зона за мало стопанство, а сето тоа заради развој на општина Виница.

„Во урбанизмот ќе работиме на донесување нови урбанистички планови за Виница и населените места, што ќе значат развој на Општина Виница. Ветуваме наскоро и формирање зона за мало стопанство во месноста ‘Скараница’ во село Блатец, која ќе биде распростанета на 24 хектари. Во неа ќе бидат предвидени 29 градежни парцели за продажба.“ – истакна кандидатот за градоначалник Костадиновски.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

Мицкоски: Очекувам да бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски смета дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, со што Република Македонија ќе биде прворангирана на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште пари за македонската држава.

Мицкоски ја извести македонската јавност за тежок европски скандал: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира за да не добие Македонија пари од ЕУ!

„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, без да открие која соседна држава ја шири оваа теза, а е членка на ЕУ.

Најнови вести

To top