Македонија

Мицкоски го посети Центарот Лидл Македонија во Куманово – вложување од 115 милиони евра со 230 работни места, кој ќе се изгради во 2026

„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација.“ – изјави Милена Драгијска, извршната претставничка на Лидл.

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа пролетта во 2026 година. Инвестицијата е вредна 115 милиони евра. Ќе бидат отворени 230 нови работни места. Во изградбата на својот нов објект Лидл соработува со повеќе од 75 македонски компании.

Покрај премиерот Мицкоски на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Милена Драгијска, извршната претставничка на Лидл, изрази благодарност за соработката со Владата, во кои, како што рече, гледаат големи партнери. „Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација. Ние располагаме со механизми за контрола на квалитетот, бидејќи гарантираме за свежината и за квалитетот на производите.“ – изјави Драгијска.


Ова е најголемиот логистички центар во Македонија со површина од 170 илјади квадратни метри и со оперативна површина од 63 илјади квадратни метри. Преку иновативната технологија, стандардите на градба, енергетската ефикасност и начин на работа, овој логистички центар поставува нови стандарди за логистичката инфраструктура во Македонија.

Лидл е дел од групацијата „Шварц“, со седиште во Некарзулм, Германија, и е еден од водечките трговци на мало со храна во Германија и Европа. Лидл моментно управува со околу 12.600 продавници и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува повеќе од 382 илјади луѓе. 

Најнови вести од: Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

To top