Македонија

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили ги решаваа проблемите

На денешниот политички саем „4 години работа за тебе“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, ги истакна постигнувањата на градоначалниците од неговата партија и коалицијата во изминатите четири години.

На денешниот политички саем „4 години работа за тебе“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, ги истакна постигнувањата на градоначалниците од неговата партија и коалицијата во изминатите четири години. Тој нагласи дека и покрај ограничената поддршка од централната власт, општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ постигнале значајни резултати во интерес на граѓаните.

„Честа е огромна да се присуствува на овој саем кој покажува што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во последните четири години. Не бегаме од нашите одлуки, од работата и проектите што ги реализиравме“, рече Мицкоски.

Тој подвлече дека за ВМРО-ДПМНЕ делата се поважни од зборовите, а чесноста и посветеноста се клучни вредности. Според него, градоначалниците на партијата ја задржале довербата на граѓаните преку одговорна работа, без скандали и корупција.

„Градоначалниците ги вратија општините на вистинскиот пат – патот на промените, инвестициите, изградбата на паркови, улици, градинки и училишта“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека во изминатите четири години биле изградени и реконструирани над 770 километри улици и патишта, со вкупна вредност од околу 100 милиони евра.

Мицкоски ги истакна и проектите во областа на водоснабдувањето, канализацијата, спортските терени, пазарите, пречистителните станици, училиштата и детските градинки, како и поддршката за социјално ранливите категории.

„Најважно е што останавте луѓе на кои граѓаните можат да се потпрат. Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Чесен, трудољубив, одговорен и секој ден со граѓаните“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека централната власт обезбедила над 500 милиони евра за капитални проекти во општините и вети дека оваа поддршка ќе продолжи. За претстојните локални избори во 2025 година, тој најави дека партијата ќе настапи со чесни и посветени кандидати, а програмата ќе се темели на предлозите и потребите на граѓаните, собрани преку јавни акции и анкети.

„Време е за вистинска одлука, за вистински избор. Заедно ќе победиме и ќе донесеме резултати. Заедно ќе ја испишеме новата историја на Македонија!“, порача Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top