Македонија

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Албанската заедница со својата култура, јазик, традиции и вредности е суштински дел од нашата држава

Албанската заедница со својата култура, јазик, традиции и вредности е суштински дел од нашата држава се одржа денеска во Владата, на која обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека овој ден носи силна историска и културна симболика и е важен и за нашата држава.

„Македонија е дом на различности кои не не’ разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна.

Албанската заедница со својата култура, јазик, традиции и вредности е суштински дел од нашата држава. Денес, кога го одбележуваме Денот на албанската азбука, оддаваме признание на напорите на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат.

Нашата заедничка татковина се темели на идејата дека секој граѓанин има еднакво место, еднаква вредност и еднаква можност“, истакна премиерот

Премиерот посочи дека Владата останува посветена на политики кои градат меѓуетничка доверба, создаваат простор за достоинствен развој на јазиците и културите и ја зајакнуваат кохезијата меѓу сите наши граѓани.

Додаде дека имаат амбиција и сакаат да градат општество во кое младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други ќе ја гледаат својата иднина овде – во силна и развиена татковина.

-Општество во кое секој јазик е мост, а не граница. Сила, а не поделба. Богатство, а не предизвик. Во оваа насока, Владата активно работи на проекти кои создаваат подобар живот за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Посветени сме на унапредување на инфраструктурата и можностите во секоја општина, на модернизација на училиштата, на поддршка на културните институции и на отворање нови можности за младите. Во тек се програми за дигитализација на услугите, за економски развој на локалните заедници и за јакнење на институциите што се грижат за рамноправност и интеграција, посочи премиерот.

Нагласи и дека нивната цел е секој граѓанин да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации.

-Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност, ќе можеме да постигнеме резултати што ќе ја движат татковината напред. Нека е честит Денот на албанската азбука. Да продолжиме да ја градиме нашата заедничка татковина со почит кон различностите и со јасна визија за иднината, потецираше претседателот на македонската Влада.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top