Македонија

Мицкоски: Наспроти коалицијата за пари Венко-Али-Димче е победничката коалиција на просперитетот на на ВМРО-ДПМНЕ! Македонија е во вистински раце!

На народниот митинг, што се одржа синоќа на плоштадот во Ресен, претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика посебно неопределените гласачи за поддршка и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг повторно да го изгласаат Јован Тозиевски како градоначалник на Ресен.

„На овие избори одлучува народот и никој друг. На една страна е коалицијата за пари на Венко, Али и Димче, на другата сме ние! Но, на Македонија ѝ треба коалиција за работа и иднина.“ – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Ресен.

Според него, Македонија е уморна од сојузите, кои се на грбот на напатениот народ.

„Македонија е уморна од едни исти политичари, кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија ѝ треба коалиција за работа и иднина и тоа е јасно, како бел ден. На овие избори од едната страна е коалицијата за пари на СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата на Венко, Али и Димче. Од другата страна е победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.“ – посочи Мицкоски.

На народниот митинг во Ресен тој потсети на реализираното и ветеното во изминатите 15 месеци, од кое, како што рече, полза имаат просветните работници, студентите, задравствените работници, земјоделците, инвестиции од 500 милиони евра за македонските општини, исплатени плати и друга помош.

„Нашата борба не беше само во Македонија. Ние знаевме дека наследивме ограбена и понижена држава со начнат идентитет, со начната гордост на македонскиот народ. Затоа бевме свесни дека треба да победуваме и надвор: во Лондон, Брисел, Берлин, Вашингтон…Достоинствено ја браневме честа на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за Македонците насекаде во светот и додека е оваа Влада треба да сте сигурни дека Македонија е во вистински раце.“ – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски ги повика посебно неопределените гласачи за поддршка и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг повторно да го изгласаат Јован Тозиевски како градоначалник на Ресен. Тозиевски на собирот во Ресен потсети на постигнатите резултати во локалната самоуправа во минатите четири години од неговиот сегашен мандат, во кој, според него, еден од најголемите успеси е што беше деблокирана буџетската сметка на Општина Ресен под негово водство.

„Не се кандидирам за да ветувам празни зборови, напротив, со ваша поддршка за да го продолжиме започнатото и со уште повеќе сила и мудрост стекната од искуството да придонесеме за силна и перспективна Преспа. Наш прироритет се реконструкција на градскиот плоштад, обнова на скијачкиот центар на Галичица, обиколница околу Ресен, катна гаража, реконструкција на улиците според потребите на секое населено место, реконструкција на водоводната мрежа. Во Претор ќе има нов водоводен систем.“ – најави Тозиевски. Тој додаде дека ќе се користи меѓународна експертска помош и поддршка.за заштита на Преспанското Езеро. 

На народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата синоќа во Ресен беа претставени и кандидатите за членови на општинскиот Совет. 

Македонска информативна агенција МИА

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top