Македонија

Мицкоски: Нема отстапување од црвените линии

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. И тоа е сосема нормално и очекувано, рече премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски се осврна на ставовите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. -Филипче вика Бугари во Устав, зошто да не. А […]

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. И тоа е сосема нормално и очекувано, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски се осврна на ставовите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-Филипче вика Бугари во Устав, зошто да не. А веднаш потоа и самиот признава, и самиот знае дека тоа не е единствениот услов, туку во игра е и јазикот, идентитетот културата. Тој свесно прифаќа да се прифатат бугарските барања и да се пазариме за наредната фаза, наредната црвена линија од која нема назад, идентитетот и јазикот. Е тука имаме голема разлика, нема попуштања и нема чекор назад, зошто веќе нема простор за играње со националните чувства, кажа Мицкоски.

Тој псоочи дека отворено зборува за овие работи, без ракавици, зошто работи чесно, затоа што нема како нив да прифаќа се што ќе сервираат на маса, само за да се прогледа низ прсти за некаков криминален тендер што било традиција во претходната влада.

-Затоа ослободен од тој багаж јас ќе говорам и за дволичноста на Европа, за двојните стандарди што ни ги наметнуваат, за предолгото чекање и намаленото трпение, но и за лажливата опозиција потоната во скандали, која не е никаква алтернатива, туку рецепт за пропаст на Македонија. Ова не значи да се откажеме од европската иднина и од нашето партнерство со пријателите од Европа, но секако значи дека нашата најглавна задача да се сочуваме себе си, да ја развиеме економијата и обезбедиме иднина за секој човек, вели Мицкоск и.

Најнови вести од: Македонија

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

To top