Македонија

Мицкоски: Пустец е доказ дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови! Продолжуваме да ги поддржуваме Македонците насекаде во светот

„По седум години национално понижување и ограбување од политичари, кои сега сега се минато, Македонија доживува економска и национална преродба во овие 13-14 месеци. Ние не сме ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку сме горди Македонци со свој македонски идентитет, во Албанија и насекаде во светот, кои го говорат својот мајчин македонски јазик, различен од другите балкански јазици!“ – порака на Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Република Македонија од Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија.

„Пустец е доказ дека припадноста не се брише. Оти коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови. И дека постојат луѓе што не чекаат благодарност, туку само можност да продолжат онаму, каде што другите би се откажале!“ – порача денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во обраќањето на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија. Ова го објави Македонската информативна агенција – МИА

„Ви благодарам што останавте свои. Ви ветувам: оваа држава ќе знае да ви возврати со почит, со работа и со постојана поддршка. Да живее секој, кој го чува својот идентитет со достоинство . Да живее заедништвото што не признава граници, туку само вистински вредности.“ – истакна Мицкоски.

Според него, „во последно време сме сведоци како се обидуваат да не негираат, да не надсинхронизираат, да не направат модерни, да не бришат, да се обидуваат да го оспоруваат сето она што е македонско“. „Но она што го гледам и она што го чувствувам во Пустец за мене е големо вдахновение да продолжиме да ги поддржуваме Македонците насекаде во светот и да покажеме дека сме Македонци со многувековен посебен идентитет, кои говорат на свој мајчин јазик, различен од сите балкански јазици. Ние сме горди Македонци и ќе останеме тоа да бидеме.“ – истакна премиерот Мицкоски.

Нагласувајќи пред присутните дека тие се лојални граѓани на Албанија, тој им порача дека во него и во Владата на Република Македонија може да гледаат брат и пријател, но и оти може да сметаат на помош за се, што им е потребно. „По седум години  национално понижување и ограбување од политичари, кои сега сега се минато, Македонија доживува економска и национална преродба во овие 13-14 месеци. Ние не сме ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку сме Македонци, во Албанија и насекаде во светот.“ – додаде Христијан Мицкоски.

Во обраќањето пред жителите на Пустец и Мала Преспа нагласи оти верува дека дека една нација ја чини токму врската меѓу луѓето, кои ја чувствуваат како своја, без разлика каде живеат. „И кога сме блиску и кога сме далеку, кога сме во татковината, или надвор од неа, остануваат исти чувството, идентитетот, припадноста. Вашето место во оваа приказна е посебно. Не само затоа што географски сме во различни држави, туку затоа што по сè друго сте длабоко во срцето на нашата татковина. Вие сте синоними за истрајност, за тивка лојалност, во исто време за достоинство и скромност. И кога никој не ве прашувал, и кога не ве спомнувале, вие останавте тоа што сте. Ѝ останавте лојални на државата, во која живеете.“ – рече Мицкоски.

Тој посочи дека во изминатите децении се менувале многу работи,  политики, влади, граници, но тие останале доследни. „Овде, македонскиот јазик не е нешто, што се одржува по навика, тукуе  нешто, што се пренесува со љубов. Овде песната, обичаите, спомените, се дел од животот, секојдневие. Токму затоа постои чувство на длабока почит кога човек ќе дојде овде. Не од формалност, туку од убедување. Жалам што не ве заобиколија пропагандите, кои го следат Македонецот низ историјата. Ги видовте, ги почувствувавте, ги живеевте, преку замени, преку притисоци, преку тивки, но упорни обиди да се разниша она, што е ваше. Но уште повеќе сум горд што не потклекнавте. Не ја прифативте удобната заборавеност. Не се срамевте од себе. Не дозволивте никој да ви го дефинира идентитетот наместо вас. И за тоа ви се поклонувам.“ – порача македонскиот премиер Мицкоски.

Тој нагласи дека една држава ја покажува својата зрелост преку тоа како се однесува со оние, што не ѝ се во центарот и додаде дека денеска сакаат да покажат оти учат од минатото. „Дека сакаме да воспоставиме нов однос со вас, не декларативен, не симболичен, туку вистински. Со поддршка што ќе се гледа, со соработка што ќе се чувствува, и со внимание, што нема да згасне веднаш по оваа средба. Свесен сум дека секојдневието овде носи свои предизвици. Но исто така сум уверен дека има иднина за Пустец. Има иднина за секое дете, што учи на мајчин јазик, за секое семејство, кое сака да остане овде, за секој млад човек, што верува дека вреди да се остане свој и на своето. Затоа како Влада имаме одговорност да бидеме поддршка. Во образованието, во културата, во економскиот развој, во сите форми на прекугранична соработка. Не како милост, туку како обврска. Не затоа што некој нè притиска, туку затоа што веруваме дека тоа е исправно.“ – укажа Мицкоски.

Тој порача дека посакува младите во Пустец да пораснат со чувство на припадност, што не се заснова врз страв, туку врз самодоверба. „Сакам секој родител овде да знае дека вреди што го учи своето дете на мајчин јазик. Сакам да создадеме услови тука да се живее подобро, не со празни зборови, туку со видливи резултати. Ова не е последна средба. Ова е прва од многуте. Затоа што нашата работа дури сега почнува. Ние не сме овде само за говор. Ние сме овде за врска, што ќе се гради секој ден, со проекти, со програми, со политика, што ќе допре до вас, како што вашата истрајност допре до нас. Затоа, нека се слушне јасно: Ова не е граница – ова е врска. Ова не е далечина – ова е блискост. Ова не е фуснота во нечиј извештај – ова е глава во нашата национална приказна!“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во обраќањето на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија.

Најнови вести од: Македонија

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Околу 40 илјади граѓани во Македонија имаат дијабетес без поставена дијагноза

Околу 135 илјади граѓани во Македонија живеат со дијабетес, од кои 4.000 имаат дијабетес тип 1. Дополнително, се проценува дека речиси 40 илјади лица ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. – За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека […]

Вештачката интелигенција ќе има задача да ги открива нерегуларностите во јавните набавки

Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид и квалитетот и другите карактеристики на понудите. Предвидено е институциите што планираат повеќе од три […]

Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во кај нас, бидејќи СДСМ нема повеќе политичка визија, ниту доверба кај граѓаните

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, соопшти движњето.   Причина за преминот, според ЗНАМ, […]

To top