Македонија

Мицкоски: Секој миг ги градам темелите на Македонија, кои ги уриваа СДСМ, но ќе им се скинат куферчињата со пари, што ги добиваа за тоа од Бугарија!

„Служејќи им како слуги на нивните политички господари од источниот сосед СДСМ ја разурнаа државата и направија системот да пропаѓа, кои сега мораме да ги градиме од нивните темели. Но нека не создаваат лажна слика на душогрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе, кои се вградија во тие темели. Целото мое време го посветувам, за да ја кренеме Македонија, ама нека не се залажуваат и нека не помислуваат дека заборавив сѐ, што ѝ направија на државата!“ – им порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, неговиот гуру Зоран Заев и на нивните сопартијци од вечерашниот митинг во Струмица.

Претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија. На вечерашниот митинг во Струмица во врска со ова тој посочи:

„Не се во состојба да кажат поинаку од она, што сите знаеме дека е вистина. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед. Нема среќа ниту во зградите и визите од Дубаи. Им упатувам порака на сите нив: тоа што една година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, секој час во денот и седмицата го минувам на градење на темелите, што ги уривавте, не значи дека заборавив и оти не работам да ве стигне правдата!“ – рече Мицкоски.

„Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум ја штител олигархијата. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра.“ – напомна Христијан Мицкоски на митингот во Струмица.

Премиерот  и лидер на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање: како од едно просечно семејство се стигнува до милиони, какви што тие имаат и со кои располагаат?

„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разурната држава и систем, што пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели.“ – кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.

„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања, што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот, бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање, кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат.“ – нагласи Христијан Мицкоски.

Мицкоски му ја упати следната порака на лидерот на СДСМ: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари, на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто.“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top