Македонија

Мицкоски: Состојбата со пожарите ја држиме под контрола

Постои сомнеж дека најголем дел се подметнати

Секој ден имаме над 30 пожари, вчера беа повеќе од 50. Најголем дел од нив постојат основани сомневања дека се подметнати или се имаат случено од негрижа, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-До сега можам да кажам дека во месец јули ја држиме работата целосно под контрола. Во функција се сите оперативни летала кои ги има Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата и полицијата. Во функција се специјалните возила кои ги подготвивме бидејќи знаевме што не очекува ова лето. Го активиравме и европскиот механизам, но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во Медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени. Во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби и градови, Албанија, Босна, Косово, Хрватска. Србија до пред некој ден знам дека имаше 240 на ден. Шпанија, Италија, Кипар… Така што во овој момент нема слободни воздухоплови од тој ЕУ механизам кои што би помогнале, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека повеќе од 200 припадници на Армијата се на терен, а полицајците ги возат специјалните возила.

-Се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува ова цело лето, ќе има и во август месец. Во овој момент немаме огнена стихија која е надвор од контрола, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top