Македонија

Мицкоски: Вие сте темелот на државата, а времето на Македонија е сега

Премиерот Христијан Мицкоски, на првиот циклус на генерички обуки за административни службеници, порача дека јавната администрација нема повеќе да биде „партиски плен“, туку ќе стане професионална, ефикасна и посветена на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски, на првиот циклус на генерички обуки за административни службеници, порача дека јавната администрација нема повеќе да биде „партиски плен“, туку ќе стане професионална, ефикасна и посветена на граѓаните. „Вие сте темелот на државата, а времето на Македонија е сега“, истакна тој, повикувајќи ги вработените да бидат храбри и да воведуваат нови практики.

„Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината кон европската иднина. Учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете тие кои ќе ја остават администрацијата поефикасна, почесна и посилна од било кога. Заедно ќе создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант за европската иднина на татковината“, рече Мицкоски. Тој нагласи дека патот кон ЕУ бара институции по европски стандарди, каде работата на администрацијата е „лицето на државата“.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ја нарече администрацијата „крвоток на државата“, без кој таа не може да функционира. Сепак, тој предупреди дека младите ја избегнуваат администрацијата поради ниските плати и недостатокот на систем за обука, напредување и признавање на квалитетот. „Тоа е реалност што не смееме да ја игнорираме“, додаде тој.

Обуките се дел од реформите за професионализација на јавниот сектор и привлекување млад кадар. На социјалните мрежи, дел од корисниците ги поддржуваат овие напори, но други се скептични поради ниските плати и бирократијата.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top