Македонија

Мицкоски за „Усје“: Владата подржува дислокација, но тоа не е магично решение

Мицкоски ја поздрави иницијативата на „Зелен хуман град“, но нагласи дека решението бара системски пристап, вклучувајќи проширување на гасификацијата и далечинското греење.

Премиерот Христијан Мицкоски на 26 декември 2025 година коментираше едногласната одлука на Советот на Град Скопје од претходната вечер за иницирање дислокација на цементарницата „Усје“, истакнувајќи дека Владата нема проблем со такви радикални потези, но дека тие нема да бидат „магично стапче“ за решавање на аерозагадувањето.

Според Мицкоски, проблемот мора да се решава холистички, бидејќи главен извор на ПМ честичките е начинот на загревање на домаќинствата, а не само индустријата.

„Што се однесува до дислокација, тоа не е никаков проблем што се однесува на Владата. Сето она што е проблем за граѓаните е проблем и за Владата, но сакам да дојдам до суштината. Суштината е дека загадувањето е резултат на децениската негрижа на граѓаните да им се обезбедат алтернативни извори на енергија со кои тие во текот на грејната сезона ќе ги затоплуваат своите домови. И на источната порта на градот и на западната порта на градот ние немаме понудено опција за граѓаните како да ги затоплуваат своите домови. Тука пред се мислам на далечинско греење и гас“ – изјави Мицкоски.

Тој направи споредба со други градови во Македонија каде што нема тешка индустрија како „Усје“, а сепак загадувањето е високо, што според него докажува дека домаќинствата се главен фактор.

„Јас ги разбирам граѓаните. Тие се секогаш во право. Впрочем ние сите тука живееме, го дишеме истиот воздух исто како и во другите градови во Македонија каде што нема такви производни капацитети но има вонредно високо количество на ПМ 2,5 и 10 честички, така што мора ова да биде системско решение. Не можеме парцијално, како на шведска маса да си ги бираме работите, тоа што ни одговара да го анализираме, а тоа што не ни одговара да не го анализираме“ – додаде премиерот.

Мицкоски ја поздрави иницијативата на „Зелен хуман град“, но нагласи дека решението бара системски пристап, вклучувајќи проширување на гасификацијата и далечинското греење.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top