Македонија

Михаел Рот: Глупавото попречување на Македонија на патот кон ЕУ од Бугарија мора да престане

Поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.

Поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.

„Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами“, напиша Рот на платформата „X“.

 

Неговата реакција уследи откако бугарското МНР го пренесе ставот на министерката Велислава Петрова-Чамова во кој стои дека тоа бил „еден од најјасните институционални одговори досега во врска со ставот на Софија за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“. Во него се наведува дека „Бугарија го смета европскиот консензус од јули 2022 година за целосно обврзувачки и отфрла секаков обид за негово реинтерпретирање или заобиколување“.

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска се сретна со бугарската колешка Велислава Петрова, по што МНР соопшти дека тој ѝ укажал на Петрова дека за јазикот, идентитетот и културата не може да се разговара. Според соопштението, Муцунски исто така го покренал и прашањето на македонското малцинство во Бугарија и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Петрова-Чамова на министерскиот состанок на НАТО во Шведска имаше средба и со германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадепул кој порача дека „проширувањето е геополитичлка неопходност и дека (ЕУ) се стреми кон зголемен моментум“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top