Македонија

Министерот Хоџа бара вонредни инспекции на „Усје“ но и на сите останати субјекти со А-лиценца

Средбата доаѓа во време на зголемено внимание кон аерозагадувањето во Скопје и други градови, како и по неодамнешната иницијатива на Советот на Град Скопје за дислокација на „Усје“.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, денес одржа итна координативна средба во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), на која беа повикани заменик-министерката Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството.

На средбата, Хоџа побара од Гиновска информации за надзорот врз работењето на цементарницата „Усје“, како и спроведување вонредни инспекциски надзори врз сите правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи за кои е надлежно министерството.

„Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозволи. Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација“ – се вели во соопштението на МЖСПП.

Министерот Хоџа нагласи дека ова е само првиот чекор од низата мерки што ќе ги преземе за справување со повеќедеценискиот проблем со загадувањето на воздухот. Тој повика на соработка и партнерство од сите кои сакаат да придонесат кон намалување на загадувањето и обезбедување почиста животна средина.

Средбата доаѓа во време на зголемено внимание кон аерозагадувањето во Скопје и други градови, како и по неодамнешната иницијатива на Советот на Град Скопје за дислокација на „Усје“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top