Македонија

Министерот Лимани не исклучува можност да биде кандидат на Вреди за градоначалник на Кичево на локалните избори годинава

Министерот за социјална политика, демографија и млади од редовите на Вреди Фатмир Лимани не ја исклучи можноста да биде кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори на есен. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“. Натаму порталот пишува: Лимани рече дека неговото име е дел од анкетите што се во тек.  „Моето […]

Министерот за социјална политика, демографија и млади од редовите на Вреди Фатмир Лимани не ја исклучи можноста да биде кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори на есен. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Натаму порталот пишува: Лимани рече дека неговото име е дел од анкетите што се во тек. 

„Моето име е составен дел од анкетите. Не ја исклучувам можноста да бидам кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори на есен. Сите знаеме дека ниту Кичево ниту која било друга општина не е наша лична желба, туку тоа е реалност заснована на барањето и потребите на граѓаните. Ќе се произнесеме на крајот како ќе биде одлучено.“ – рече министерот Лимани.

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

To top