Македонија

Министерството за здравство реагира за вработувањата во тетовската болница

Постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори и веднаш по нивното завршување целата процедура ќе биде завршена и сите ќе добијат решение.

Во јавноста се лиферуваат соопштенија кои се, во најмала рака, непристојни и штетни за целокупната јавност а поврзани со вработувањето на кадарот во Клиничка болничка Тетово, реагираат од Министерството за здравство.

Ова се фактите:

Најважно од се’, сите имаат валидни договори за вработување на определено време до 31.12.2025 година. Обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничка болница Тетово (во прилог примерок од документот како разобличување на лагата дека Министерството „доби негативен одговор од Фондот за здравствено осигурување“).

Објавени се огласите за вработување

Направени се тестирањата на кандидатите на 07.08.2025 а не „пред 10 дена“ како што сензационалистички е кажано

Секако дека постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори и веднаш по нивното завршување целата процедура ќе биде завршена и сите ќе добијат решение.

Напоменуваме дека ова се фактите, а со паушалните соопштенија и со користење на лажни информации се нанесува штета на Министерството за здравство како институција и за жал, неосновано се предизвикува паника и вознемиреност кај вработените во Клиничка болница Тетово кои деноноќно се грижат за здравјето на нашите сограѓани, се вели во реакцијата на МЗ.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top