Македонија

Мисајловски на серија состаноци на Северноатлантскиот совет

На состаноците  ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет.

На состаноците  ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top