Македонија

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема укажувања за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат, ако се појават опасности. Мисајловски го изјави ова во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.



„Членството во НАТО претставува значаен фактор за стабилноста и безбедноста на Македонија. Сојузништвото обезбедува механизми за колективна одбрана, но и подобра координација во справувањето со современите безбедносни предизвици“, потенцира Мисајловски.

Мисајловски додаде дека државата работи на јакнење на одбранбените капацитети и модернизација на Армијата на Република  Македонија, што е дел од пошироката стратегија за зајакнување на безбедноста. Како што посочи, инвестициите во одбраната и соработката со сојузниците се клучни за одржување стабилна и безбедна средина.

„И покрај нестабилноста во некои делови од светот, институциите во Македонија имаат капацитет и подготвеност да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, при што редовно се следат сите потенцијални закани и безбедносни предизвици“, посочи министерот за одбрана Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Иако локализиран, постои опаснот пожарот на Пелистер пак да пламне

За време на повеќечасовната борба во текот на изминатата ноќ со огнената стихија биле повредени двајца припадници на единиците што учествувале во гаснењето. Според информациите од терен, нивната здравствена состојба е стабилна.

ФЕРОИНВЕСТ со најголема жетва на пченка досега за биогасната електрана во Сарамзалино

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос на приносот по хектар, така и во однос на квалитетот

To top