Македонија

Митева: Политички незрел маневар е изјавата на Филипче дека СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон, ако се укине техничката влада

Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине, рече портпаролката на Владата Марија Митева.

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска во врска со најавите на СДСМ дека ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик ако се укине техничката влада истакна дека со ваквите најави лидерот на опозициската партија, Венко Филипче нема да успее да ја скрие реалноста со која се соочува неговата партија и додаде дека сега се против нејзино укинување, иако во минатото биле согласни дека тоа треба да се направи.

„Ваквиот обид на Филипче и на СДСМ нема да ја сокрие реалноста дека тие се соочуваат со нивниот политички крај, а владејачката партија која што ја предводи Владата, ВМРО-ДПМНЕ, е таа која што ја гради иднината на државата. Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине“, рече Митева, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Митева додаде дека ова е само уште еден политички незрел маневар и смета дека постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните. „Институциите мора да бидат демократски. Оваа Влада тоа го покажа дека имаме демократизација, дека навистина можеме и знаеме како да ги водиме институциите и треба да ги напуштиме моделите кои што биле во минатото“, рече Митева.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top