Македонија

Митева: СДС додека со едната рака мавтаа за Европска Унија, другата рака им беше длабоко во џебот

СДС и ДУИ дома зборуваа едно, а позади завесите таму некаде зборуваа сосема друго

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на Радар подкаст се осврна на прашањето за пристапувањето на Македонија кон Европската Унија и ја истакна стратешката определба на државата за членство во Унијата, нагласувајќи дека геополитичката и географската положба на Македонија го потврдува припаѓањето кон истата. Притоа, Митева истакна дека отстапките коишто ги правеше претходната власт на СДС и ДУИ секогаш беа на штета на македонски народ, македонскиот идентитет и култура.

„Кога имавме сите една власт којашто ценеше дека потпишувањето бланко на парче хартија, не значи ништо и дека со одобрувањето на таквите работи ќе им се штити криминалот и корупцијата од странските фактори, затоа што додека со едната рака мавтаа за ЕУ, другата рака во џебот им беше и тоа длабоко во џебот. Нивната филозофија е дека треба да ги направиме сите отстапки за да го стигнеме тоа, нашиот одговор е: која е последната отстапка којашто ние треба да ја направиме, да не биде ова бесконечен процес“, рече Митева и додаде:

„СДС и ДУИ дома зборуваа едно, а позади завесите таму некаде зборуваа сосема друго. Ветуваа дека се семоќни, ветуваат дека можат се да направат, дека имаат пратеници, дека ќе најдат начин, пет пати велеа го добивме датумот“.

Митева нагласи дека токму ваквото водење на дипломатијата, од страна на тогашната власт предводена од СДС и ДУИ, резултирало со долгорочна, упропастена и уништена дипломатија на која и е потребно време да го врати својот интегритет. За разлика од тогаш, како што кажа Митева, сегашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се води дипломатија на едно сериозно ниво без допуштање на манипулации.

„Мислам дека го имаме правецот, мислам дека навистина покажуваме што за нас значат вистински европски вредности, и како ние се стремиме навистина да бидеме дел од таа Европска Унија која е нашата домашна задача“, заврши Митева.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top