Македонија

Мицкоски: Ако нема основa за поскапување на лебот – ќе следат казни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки, ако се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат казни.

„Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имам состанок на оваа тема. Ќе ги видиме влезните трошоци, да видиме дали врз таа основа, која што ја прикажуваат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку има потреба, тогаш ќе кажеме да има потреба и ќе преземеме мерки, а доколку нема потреба, тогаш тие коишто девијантно и непазарно се однесуваат ќе бидат изречени глоби“, нагласи  Мицкоски.

Во однос на предлозите за намалување на данокот на додадена вредност за храна, премиерот оцени дека станува збор за мерки што Владата ќе ги разгледува согласно состојбите, а не за иницијативи на опозицијата. „Не се тоа опозициски предлози. Тоа се мерки коишто во зависност од состојбата ние ќе ги влечеме. И апсолутно некредибилна опозиција којашто кога беше влада седум години имаше можност да покаже што знае и што умее, а таа покажа само криминал, понижување и национален срам и предавства. Нема кредибилитет во моментот да зборува“, изјави Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top