Македонија

Мицкоски до Реџепи: Не ми пречи албанскиот, дури се трудам и да го научам, но македонскиот е официјален

Премиерот со одговор на прашањето од пратеникот „дали познавањето македонски јазик за Албанците е задолжително“

Премиерот Христијан Мицкоски го разоружа пратеникот Скендер Реџепи, кој го праша: „Дали познавањето македонски јазик за Албанците е задолжително“.

На пратеникот од Европскиот фронт тој му укажа дека македонскиот јазик според Уставот е официјален на целата територија на државата, исто како и албанскиот.

„Ако ги ставите слушалките, ќе видите дека се преведува на албански. Јас немам проблем со ниту еден јазик. Не ми пречи на мене, не знам зошто имате потреба да викате. Напротив, апсолутно не ми пречи, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам да го учам и да го научам, еве отворено ќе ви кажам. И се надевам дека за некоја година ќе можам и јас да не ги користам слушалките и кога зборувате на албански јазик вака грлато кога мислите дека некој ќе се уплаши од тоа ќе можам да го разберам тоа што го кажувате“, рече Мицкоски од собраниската говорница.

Зборовите на претседателот на македонската Влада беа одговор на тврдењето од Реџепи изнесено пред него со висок тон: „Провладините медиуми заедно со владините министри во последно време отворија едно прашање дали во оваа економска криза дали има потреба министрите во Владата да имаат преведувачи Албанци и дали македонскиот јазик треба да биде задолжителен јазик за сите граѓани. И премиерот им рекол и на министрите Албанци дека ако не зборуваат македонски ќе ги разреши“.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top