Македонија

Мицкоски ги прими предлозите за нови министри од ВРЕДИ и ЗНАМ

Очекува поуспешна работа на реконструираната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека ги примил предлозите за нови министри од коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ и дека за него тие предлози се сосема прифатливи.

„Да, ги имам предлозите и за новите министри од ВРЕДИ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата“, изјави Мицкоски за време на посетата на Општина Кисела Вода.

Премиерот посочи дека ВРЕДИ во реконструираната Влада ќе ги преземе министерствата за правда, за односи меѓу заедниците и за култура и туризам.

Според информации од медиумите, од редовите на ВРЕДИ се предложени:

  • Седат Сулејмани, досегашен заменик-министер, за министер за култура и туризам;
  • Агон Ферати за министер за односи меѓу заедниците;
  • Јетон Шасивари, професор по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, за министер за правда, кој ќе го наследи Игор Филков.

Предлог-составот на реконструираната Влада се очекува да биде испратен до Собранието до петок, а изборот на новиот владин состав треба да се случи најдоцна до средината на јули.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top